Ме научи да љубам

Се појави ти и го разгори оганот во мене,  сите маки и болки ги претвори во пепел. Се појави ти и ги разбуди пеперутките во мене,  сега непрестајно прелетуваат и ме одземаат со неописливо убаво чувство. Се појави ти  за да ги искорнам старите навики.. Виното да го заменам со твојата насмевка, долгите пијани ноќи да бидат ноќи со тебе.. Се појави ти и го разбуди сето она заспано во мене, почнав да  чуствувам,  да живеам, да се смеам.  Се појави ти и ме научи вистински да љубам.

image

Chat

“Се што е убаво – кратко трае “

Гледајќи во звездите вечерва ја барам онаа нашата.. Знаеш таа која секогаш и секаде не пратеше? Звездата која кога прв пат се видовме блесна над нас, кога се заколнавме на вечна љубов беше нашиот сведок, и на секоја наша средба постојано не следеше…

Но, ја нема. Каде ли е скриена? Зошто не можам да ја најдам?

Ох, да, и таа згаснала како што згасна и нашата љубов. Љубовта за која мислев дека нема рок на траење, испадна дека била кратко трајна.

Но така е со се во животот. Велат : “Се што е убаво – кратко трае” . 4F87NTNqCd

таа последна ноќ

image

Таа ноќ дојде крај неа со широка насмевка на лицето,ја прегрна цврсто и ја бакна во челото,легна крај неа и почна да ја гали по косата. И покрај насмевката на неговото лице таа во неговите очи насети нешто необично. Го праша што му e , што не е во ред, а тој одмавна со главта и ја прицврсти во пргратката. Цела ноќ лежеа еден до друг, телата им беа впиени ко едно, малите нежни бакнежи се претворија во низа страсни бакнежи, топлите допири ги гореа нивните тела, и двајцата беа предадени на занесот од емоции. Таа љубеше страсно, ко да и е последно, го стегаше во своите прегратки, како да знаеше дека повеќе нема да е нејзин. Заспаа среќни и прегрнати, незнаејќи дека утрото набрзо засекогаш ќе ги раздели…

Прокоцкана шанса

e-pics-Love-pics-Love-water-hug-alone-sensual-black-white-skin-sexy-bw-kiss-Couple-erotic-Couples-Together-romance-kissing-amor-Couples-Soft-sex-cauples_large

Со него имаше сe oна што и беше потребно. Беше тука за неа секогаш кога ќе и требаше. Знаеше да ја насмее секогаш кога солзите и беа на рабовите на нејзините очи, и ги пружаше најтоплите прегратки кои секој ги посакуваше. Ја сакаше безусловно. За неа тој и целиот свет ќе и го донесеше на една дланка, но попусто. Нејзи се тоа и беше малку, нејзиниот поглед секогаш залутуваше во погрешна насока, во нејзините мисли друг се вртеше постојано. Се вртеше оној кој најмалку ја заслужуваше. “Што да се прави.. тоа е, на срцето не можеш да му наредиш кого да љуби.” – така се правдаше постојано.

И после долго време, како што годините минуваа, таа свати дека изгуби скапоцен дијамант, за мал Swarovski кристал.

Ја  прокоцка можеби и единствената шанса за да биде среќна.

Panta Rei

Panta Rei – се тече, се се менува, болката стивнува, тагата поминува, среќата доаѓа и си заминува. Но некои нешта не одат токму по тој тек. Се прикриваат, но не поминуваат. Некои рани засекогаш остануваат отворени и болат при секој допир. Некои солзи често стојат на работ на окото спремни да ја уништат лажната насмевка. Некои луѓе си заминуваат од нашите животи и ни го прават животот подобар, нивното одсуство ни годи, а нечие отсуство толку многу не боли.

И на крајот остануваат само спомени кои вечно горат длабоко во нас, некои носат насмевка на лицето а некои солзи во очите…

Горка рана од минатото – слатка иднина.

Постојано стоев и со мислите талкав на друго место, се обидував барем еднаш да сватам што е тоа што толку долго ме држи крај тебе, што е тоа што постојано ме враќа назад.
И тогаш слушнав еден глас во мене како ми вели : “Оној кој те сака ќе се бори за тебе!“ А ти за жал не се бореше за мене, не се бореше за нас. Па морав да тргнам сама. Да продолжам напред без тебе.

И токму сега, после долго време, повторно мислата ми прелетува кон тебе. И сваќам: Ти ми беше горка рана од минатото, која сигурно зарасна во слатка иднина.

Aside

Ако нешто се повтори по втор пат, биди сигурна дека ќе има и трет и четврт и низа повторувања.

” Ако нешто се повтори по втор пат, биди сигурна дека ќе има и трет и четврт и низа повторувања.” – една моја пријателка често ми го имаше велено ова.

Времето ми минуваше брзо, убаво и весело, деновите ми стануваа часови, а неделите денови. Секој ден беше ново откритие за мене. Слободна и млада, конечно почнав да го вкусувам младешкиот живот, да закрепнам од болното минато и да уживам. Кога еден ден однекаде, како гром од ведро небо се појави тој.. Нозете ги чувствував како одсечени, срцето ми биеше пребрзо, топла крв ми го облеа цело тело, повеќе не знаев што чувстувам. Презир или љубов? Во еден момент ми изгледаше оној истиот мил и добар како што го сакав, а потоа ладен, тотален странец. Си велев: “Да го прегрнам или да му го свртам грбот?” И токму кога собрав храброст да му свртам грб , тој дојде до мене, а јас пак подлегнав на него, му се фрлив во прегратка и му се препуштив. Кога по некое време размислив со трезвена глава, сватив што всушност направив, колку чекори назад заминав  и упропастив се она кое тешко се трудев да го добијам си реков “НИКОГАШ ПОВЕЌЕ!”. Бев цврсто убедена дека никогаш повеќе нема да се залажам и да подлегнам на неговото ненадејно појавување. Го слушав разумот се до оној момент кога ќе го здогледав и срцето пак надвладуваше. Повторно истата приказна, истото навраќање и измешани чувства. И пак велев НИКОГАШ ПОВЕЌЕ а добро знаев дека за ѓабе ги изговарав тие зборови.

 Слика

Совршен за Неа

… Гледајќи го сега, таа го воочуваше неговиот контрастен карактер. Tој беше еден вид на човек кој знаеше да биде лојален, искрен и добар но исто така твроглав и нерешителен. Свој човек, но на моменти и типичен маж од Марс. Беше дечко кој секогаш беше таму за неа, но кој тенденцијално се повлекуваше назад секој пат кога ќе го преплавеа емоциите и одбиваше да ги покаже. Беше расеан на моменти, но никогаш не го забораваше најважното. На кратко, не беше совршениот принц на бел коњ, но за неа беше еден и единствен. Совршен!

Слика

***Живото е како рингишпил, се раѓаш и умираш, се вртиш и пак доаѓаш до една иста појдовна точка…

“И секоја ноќ , кога ќе го допреше своето лице на перницата и ќе посакаше да заспие што побрзо се случуваше токму она спротивното. Милиони сеќавања ќе ја преплавеја. Тонеше во спомените. Еден лик постојано и се врткаше низ главата, лик кој и создаваше огромна болка во градите и тага во душата а во исто време и  љубов и топлина го обземаа нејзиното тело. Насекаде го бараше тој лик,заспиваше со надежд дека можеби баш во сонот ќе го види. Копнееше по тој лик, да го допре, да го почуствува. Талкаше низ времето и спомените барајќи тронка надежд дека повторно некогаш ќе биде крај неа, но длабко во неа знаеше дека тоа е невозможно, неговите патишта водеа кон неповрат..”

Aside

Во името на песната

И беше тоа најубавата вечер за нив. Вечер на вино, музика и танц. Сами во четири ѕида. Се што им беше потребно беше стариот грамофон и добро старо вино. Додека танцуваа припиени еден до друг, стариот грамофон ја испушташе мелодијата  на нивната песна Ain’t No Sunshine – Joe Cocker.. Во виното оваа вечер не ја бараа утехата, напротив, виното им донесе страст и сласт. Беа опиени од љубов. “Ain’t No Sunshine when she’s gone”.. тивко на уво и ги пееше овие стихови, а таа, таа го опиваше со своите бакнежи и го гушеше во својата прегратка. Го гушеше цврсто, ко да се плашеше дека некој сака да и го земе. Го сакаше само за себе. Тој и беше се на светот. А тој, тој знаеше дека таа му значи премногу и не сакаше да ја повреди. Тој ја чувствуваше тагата во нивната врска, знаеше дека крајот беше на прагот од нивната романса. Продолжи да танцува со неа. Танцуваа се додека нивните нозе не стивнаја, а тогаш тргна кон вратата, уште еднаш се поврати, цврсто ја прегрна и замина. Ја остави со солзи во очите слушајќи ги последните стихови од песната..And he’s gone away..

****Koјзнае, можеби некогаш нивните патишта повторно ќе се спојат

 

 

Слика

Previous Older Entries