Ако нешто се повтори по втор пат, биди сигурна дека ќе има и трет и четврт и низа повторувања.

” Ако нешто се повтори по втор пат, биди сигурна дека ќе има и трет и четврт и низа повторувања.” – една моја пријателка често ми го имаше велено ова.

Времето ми минуваше брзо, убаво и весело, деновите ми стануваа часови, а неделите денови. Секој ден беше ново откритие за мене. Слободна и млада, конечно почнав да го вкусувам младешкиот живот, да закрепнам од болното минато и да уживам. Кога еден ден однекаде, како гром од ведро небо се појави тој.. Нозете ги чувствував како одсечени, срцето ми биеше пребрзо, топла крв ми го облеа цело тело, повеќе не знаев што чувстувам. Презир или љубов? Во еден момент ми изгледаше оној истиот мил и добар како што го сакав, а потоа ладен, тотален странец. Си велев: “Да го прегрнам или да му го свртам грбот?” И токму кога собрав храброст да му свртам грб , тој дојде до мене, а јас пак подлегнав на него, му се фрлив во прегратка и му се препуштив. Кога по некое време размислив со трезвена глава, сватив што всушност направив, колку чекори назад заминав  и упропастив се она кое тешко се трудев да го добијам си реков “НИКОГАШ ПОВЕЌЕ!”. Бев цврсто убедена дека никогаш повеќе нема да се залажам и да подлегнам на неговото ненадејно појавување. Го слушав разумот се до оној момент кога ќе го здогледав и срцето пак надвладуваше. Повторно истата приказна, истото навраќање и измешани чувства. И пак велев НИКОГАШ ПОВЕЌЕ а добро знаев дека за ѓабе ги изговарав тие зборови.

 Слика

Совршен за Неа

… Гледајќи го сега, таа го воочуваше неговиот контрастен карактер. Tој беше еден вид на човек кој знаеше да биде лојален, искрен и добар но исто така твроглав и нерешителен. Свој човек, но на моменти и типичен маж од Марс. Беше дечко кој секогаш беше таму за неа, но кој тенденцијално се повлекуваше назад секој пат кога ќе го преплавеа емоциите и одбиваше да ги покаже. Беше расеан на моменти, но никогаш не го забораваше најважното. На кратко, не беше совршениот принц на бел коњ, но за неа беше еден и единствен. Совршен!

Слика

***Живото е како рингишпил, се раѓаш и умираш, се вртиш и пак доаѓаш до една иста појдовна точка…

“И секоја ноќ , кога ќе го допреше своето лице на перницата и ќе посакаше да заспие што побрзо се случуваше токму она спротивното. Милиони сеќавања ќе ја преплавеја. Тонеше во спомените. Еден лик постојано и се врткаше низ главата, лик кој и создаваше огромна болка во градите и тага во душата а во исто време и  љубов и топлина го обземаа нејзиното тело. Насекаде го бараше тој лик,заспиваше со надежд дека можеби баш во сонот ќе го види. Копнееше по тој лик, да го допре, да го почуствува. Талкаше низ времето и спомените барајќи тронка надежд дека повторно некогаш ќе биде крај неа, но длабко во неа знаеше дека тоа е невозможно, неговите патишта водеа кон неповрат..”

Aside